Откриена гасеница која јаде пластика

Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ откриле дека ларвите на молци, кои инаку се хранат со восок од коприва, може да варат и пластика. Ова откритие може да биде многу корисно во борбата против загадувањето предизвикано од тешко разградлива пластика.

Во светот на годишно ниво се произведуваат околу 80 милиони тони пластични производи. Пластиката од која, на пример, се изработуваат кеси и амбалажа за храна, и треба до сто години за целосно да се распадне.

Експериментите покажале дека овој вид на гасеница може да разгради хемиски врски на пластика на сличен начин како што се разградува восокот. Д-р. Паоло Бомбели од Кембриџ и еден од научниците кој работел на истражувањето, за Би-Би-Си вели дека откриле како ларвите од молци, со латинско име Galleria mellonella се способни да разградуваат пластика.


“Ние треба да се разбереме како функционира овој процес. Се надеваме дека ќе бидеме во можност да најдеме техничко решение за да се минимизира проблемот на пластичен отпад”
, вели Бомбели.

Научниците веруваат дека важна улога во процесот на разградување на пластичниот материјал имаат микробите кои се наоѓаат во гасеницата. Кога би се идентифицирал хемискиот процес по пат на кој се случува разградувањето, можеби би се применило решавање на проблемот со пластичен отпад, велат научниците.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.