Ова се најбогатите луѓе на светот

СПОДЕЛИ

Престижниот светски магазин Форбс, ја објави новата листа која важи за една од најверодостојните, на најбогатите луѓе во светот. Според Форбс, во светот има 2153 милионери, но тоа е за 55 помалку од претходната година. Приматот сеуште го држи Џеф Безоз, оснивачот на Амазон.

Шефот на Амазон, Џеф Безос со 131 милијарда долари е лидер во оваа трка, втор е коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 96, а трет инвеститорот Ворен Бафет со 82 милијарди долари.

Следуваат Бернард Арно со 76 милијарди, Карлос Слим 64 милијарди, Амансио Ортега 62,7, Лари Елсон 62,5 милијарди. Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукербер е на осмата позиција со 62,3 милијарди, Мајкл Блумберг 55,5 милјарди и Лери Пејџ со 50,8 милијарди долари на сметка.

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ