Многу луѓе и покрај предупредувањата на ветеринарите, на своите кучиња им ја даваат истата храна која и самите ја јадат. Меѓутоа, таквата исхрана може многу лошо да делува на здравјето на домашните миленици.
Во неодамнешната студија е откриено дека ксилитолот, кој обично се наоѓа во гумите за џвакање и путерот од кикиритки, може да наштети на кучињата многу повеќе и од чоколадо. Ксилитолот е кристализиран јаглен хидрат. Често се користи како замена за обичен шеќер бидејќи не го подигнува нивото на шеќер во крвта.
Според експертите Д-р. Голдстеин од Animal Medical Center од Љу Јорк и Д-р. Едвардс од Hope Veterinary Clinic, постои храна која не би смееле да им ја даваме на кучињата бидејќи од неа можат и да умрат.
Еве која храна кучињата никако не смеат да ја јадат:
– Семки и јадро од јаболко. Истите можат да предизвикаат ширење на зеницата, потешкотии во дишењето, па дури и смрт;
– Кокос и кокосово масло. Предизвикуваат дијареа;
– Авокадо. Авокадото содржи персин, токсична супстанција која може да предизвика повраќање и дијареа;
– Недоволно зготвено месо и коски. Месото во таква состојба може да содржи бактерии како што се салмонела и ешерихија коли;
– Камилица. Покрај повраќање и дијареа, чајот од камилица може да предизвика и дерматитис;
– Сол. Поголема количина на сол предизвикува жед, депресија, дијареа и повраќање;
– Чоколадо. Тоа може да предизвика жед, дијареа, повраќање, забрзана работа на срцето, па дури и смрт;
– Кафе и кофеин. Истите симптоми како и со чоколадо;
– Сирови јајца. Предизвикуваат кожни проблеми. Опасни се поради бактерии;
– Алкохол. Доколку на кучето му дадете алкохол истиот може да предизвика дијареа, повраќање, депресија, потешкотии со дишењето, кома и на крајот смрт.