Уште еден изум на Јапонците – јајца со мирис на цитрус

„Yuzu“ изгледа како нешто помеѓу лимон и портокал, а има вкус како комбинација на мандарина и грејпфрут. Расте во изобилство во Кочи и многу се користи во јапонската кујна.

Изненадувачки  „yuzu tama“ не содржат никакви хемиски адитиви и ароми. Добиени се главно преку хранењето на кокошките со големи количини од кората на „yuzu“, заедно со кељ и генетски немодифицирана пченка и семе од сусам. Овие јајца не се многу поинакви од обичните јајца, но наводно неодоливо мирисаат на цитруси, дури и пред да се скршат.

Според „RocketNews24“, кога ќе се скршат, овие јајца толку мирисаат на „yuzu“, што не може, а да не се запрашате дали има додадено дополнителни мириси. Исто така велат дека жолчката има сладок вкус, а белката е со извонредна структура – ни премногу мека, ни премногу цврста. Кога се џвака, во устата се ослободува аромата на „yuzu“ заедно со освежувачкиот вкус на цитрус.

Вкусот на „yuzu“ не е толку интензивен како мирисот и ако ништо друго, тоа помага да се извлече повеќе од оригиналниот вкус на јајцето.

Јајцата „Yuzu tama“ можат да се набават за 400-500 јени ( 3-4 долари) за пакување од 6 јајца.

Додека во Кочи лесно може да се најдат, во Токио овие јајца ги има само во неколку продавници.


 

Поддржете ја нашата работа: