Во Кина, во текот на 2017 година продажбата на паметни телефони значително опадна, за прв пат од 2009 година па наваму. Приказната за успехот на најголемиот светски пазар за паметни телефони се чини дека заврши.
Според извештајот на аналитичката компанија “Canalys”, продажбата на паметни телефони во Кина, забележала 4% пад на годишно ниво. Причината за ова е неуспешниот четврти квартал од 2017 година. Продадени се 113 милиони примероци, додека во цела 2017 година се продадени вкупно 459 милиони примероци.
Сепак, кризата не ја почувствуваа сите производители. Во Q4 2017 година, Huawei успеа да ја зголеми продажбата за 9 отсто. Продадени се 24 милиони мобилни уреди во својата матична земја, а вкупно компанијата има продадено 90 милиони примероци. Во меѓувреме, Huawei, добро функционира на пазарите ширум светот и планира да се прошири во САД, малку на сила, бидејќи администрацијата на Трамп не е подложна на кинески производители.
Oppo и Vivo во четвртиот квартал од 2017 година беа во минус за 16 и 7 отсто. Овие ББК подружници продадоа 19 и 17 милиони примероци на паметни телефони, меѓутоа во текот на годината Oppo и Vivo забележаа двоцифрен раст на продажбата во споредба со 2016 година. Во исто време Apple успеа да го тргне Xiaomi од четвртото место со продадени 13 милиони примероци. Но, Xiaomi порасна на други пазари, па дури и ја надмина продажбата, а не испораката на Samsung во Индија.
Што се однесува до компаниите како Meizu или Gionee, меѓу најпопуларните во Кина, нивната продажба на паметни телефони опаднала. Аналитичарите на Canalys веруваат дека позициите на Meiz и Gionee на кинескиот пазар ќе бидат уште полоши во 2018 година, бидејќи Lenovo и ZTE се повеќе го вртат вниманието на домашниот пазар.
Интересен е фактот што никаде во статистиката за продажба на паметни телефони нема кинески производители кои често се огласуваат на нашите простори како популарни брендови во Кина: UHANS, Elephone, Vernee, Blackview, Oukitel, Leagoo и тн. Најверојатно нивната продажба е толку мала, што сите модели се сместени во една група во статистиката.
Освен производителите на паметни телефони, знаци на слабеење на пазарот почувствуваа и партнерите во пазарот за снабдување. Имено, од јануари до јуди 2017 година, за пазарот биле планирани само 565 нови модели, што претставува пад од 5,9 отсто, односно 26% на годишно ниво. За тоа колку нови модели се претставени во Кина од јуни до декември, нема конкретни податоци.
И покрај мрачниот пазар, условно кажано, аналитичарите сеуште се оптимисти. Очекуваат раст на продажбата на паметни телефони, благодарение на ширењето на 5G мрежата, вештачката интелигенција и забрзаното проширување на странските пазари.
Исто така некои производители планираат проширување низ Европа. На пример, Tony Chen, извршниот директор на Oppo најавува ширење низ Европа.
Компанијата за истражување на пазарот GfK, објави извештај кој покажува дека во 2017 година, глобалната продажба на паметни телефони во четвртиот квартал достигна 397 милиони примероци, што е пораст од 1% во однос на 2016 година.
Всушност, оваа статистика за продажба на паметни телефони е предвидлива. Потрошувачите ширум светот се одлучуваат да купат нов уред по две или повеќе години, бидејќи новите производи не носат значителни промени од претходните генерации на паметни телефони.