Париз во дилема: Дали би се возеле во автобус без шофер?

Во следните неколку месеци граѓаните на Париз ќе можат да имаат несекојдневно искуство и да бидат меѓу првите патници на новите автобуси што градот Париз јавно ги претстави.

Се работи за тестирање на првиот роботски автобус кој некогаш се движел по улиците на градот.

На многу мало патно растојание , меѓу двете железнички станици во Париз, автобусот без шофер може да пренесе до 6 патници што седат и 6 што стојат. На одредена рута, „паметниот“ автобус ги затвора вратите, почнува да вози без никаков проблем и стигнува до потребната дестинација, тој дури е во состојба да ја прилагоди брзината и траекторијата, како и да ги спроведе итните правила во случај на појава на некаква пречка на патот.

„Градот на 21 век сигурно дека нема да изгледа исто како во 20 век. Затоа кога се работи за прашањето со загадувањето на воздухот, треба да ги оставиме зад нас возилата. Значи ние, тула по тула, го градиме градот од иднината и тестирањето на еден ваков автобус се однесува на движењето во иднината.“- вели Кристоф Најдовски,одговорно лице за превозот во Париз

Автобусот со електричен погон не го загадува воздухот, брз е и многу практичен. Локалниот автобус официјално граѓаните ќе можат да го користат од 7 април.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.