Кина го тестираше автобусот кој вози над автомобилите

Големата популација на Кина со текот на годините доведе до фасцинантен напредок во областа на јавниот превоз, но новиот автобус дизајниран од компанијата „Transit Explore Bus“ се чини дека е победникот.

Автобусот кој е наречен „Transit Elevated Bus“ (TEB) е изграден со огромна празнина веднаш под делот за патниците, која е доволно висока за да поминува врз автомобилите додека тие се движат и притоа да не предизвика никаква штета, а воедно претставува е ефикасен начин за справување со сообраќајниот метеж бидејќи може да превезува стотици патници без да го наруши протокот на автомобили под него.

Road-straddling-bus-1-630x420

Прототипот на овој експериментален автобус на Кина успешно го заврши своето прво тест-возење во вторникот (2 август 2016) во градот Цинхуандао, во провинцијата Хебеи.

Автобусот е долг околу 22 метри, широк 7,8 метри и висок 4,8 метри. Може да собере до 300 патници, а под него може да поминуваат повеќе автомобили кои се пониски од 2 метри.

TEB2

teb_launch4

Иако при тестирањето не беа симулирани реални состојби во сообраќајот и автобусот возеше многу бавно на демо патека долга само 300 метри, инженерите велат дека ова е доказ дека овој автобус функционира, што всушност била и целта на ова тестирање. Главниот инженер вели дека планираат да го направат овој автобус комерцијално достапен за една, до една и пол година.

https://www.youtube.com/watch?v=EStcqEwMpC0

Поддржете ја нашата работа: