Песимизмот е лош за здравјето

Едно 11 годишно истражување ни открива дека песимистите имаат зголемен ризик за смрт од срцеви заболувања, во споредба со оптимистите.

Истражувањето започнало во Финска уште во 2002 година, најпрво со намера да се подобри благосостојбата и здравјето на локалното население. Биле поканети 4.272 лица, а учествувале речиси 3.000 на возраст од 50 до 76 години. До декември 2013 година, бројот на учесниците се намалил, поради смртни случаи, како и други фактори, па конечниот примерок во текот на 11 годишното истражување изнесувал 2.267 лица, од кои 121 починале од коронарна срцева болест.

Според истражувањето објавено во „BCM Public Health“, истражувачите откриле дека лицата кои починале од коронарна срцева болест имале попесимистички став од останатите.

„Ако сте песимист и имате некои здравствени проблеми, тогаш уште поважно е да се грижите за вашето физичко здравје“, вели главниот истражувач и психијатар, д-р Мико Панкалајнен.

Се чини дека песимизмот е значителен ризик фактор за смрт од коронарна срцева болест. Како променлива која е лесно да се измери, може да биде многу корисна алатка за да се одреди ризикот за смрт предизвикана од коронарна срцева болест, заедно со другите познати ризик фактори.

Поддржете ја нашата работа: