Нашиот имунолошки систем е од неверојатно значење кога станува збор за заштита од бактерии и вируси. Но, понекогаш, од причини кои се’ уште не ни се познати, имунолошкиот систем препознава нешто сосема безопасно, како на пример кикирики, јајца, влакна од мачка или куче, полен итн. како непријателско. Ова предизвикува натрупување на антитела кои треба да се изборат со овие алергени, што доведува до воспаление, осип, кивање, потешкотии во дишењето и сите оние нешта со кои е проследена алергијата.
Со децении научниците безуспешно се обидуваа да пронајдат начин за да го спречат нашиот имунолошки систем претерано да реагира на ваквите безопасни нешта. Сега, научниците смислија нов различен систем што би можел да им го стави крајот на алергиите – без разлика за каков вид на алерија се работи, едноставно со тоа што нашето тело ќе се исфорсира за да ги препознае безопасните објекти како пријателски наместо непријателски.
Наместо да се обидат да го смират имунолошкиот систем, истражувачите искористиле наночестички како „тројански коњ“ за да ги шверцуваат алергените покрај одбраната на имунолошкиот систем и тој официјално да ги препознае како безопасни.
Досега истражувањето е спроведено само на глувци и се’ уште има уште многу работа, но оваа техника веќе напредува на клиничките испитувања како третман за автоимуните состојби и досега има добри резултати.
Овие откритија претставуваат нов, безбеден и ефикасен долгорочен начин за третман и потенцијален лек за пациентите со опасни респираторни алергии или алергии на храна.
Истражувањето е објавено во „ Proceedings of the National Academy of Sciences“.