Почнуваат ли децата доцна да зборуваат поради технологијата?

Мобилните телефони и разни гаџети во рацете на децата можеби не се најдобрата работа. Барем така велат резултатите од истражувањата кои велат дека употребата на таквите уреди уште од мали нозе, доведуваат до корелација со одложен развој на говор.

Денес децата трошат голем дел од времето гледајќи во разни екрани. Оваа констатација е обично на постарите генерации кои пораснале без денешните чуда на технологијата – паметни телефони, таблети и разни други уреди со екрани. Едно ново истражување ја пронаоѓа врската помеѓу употребата на споменатите уреди и доцниот развој на говорот кај деца на возраст од 6 месеци до 2 години.

Во истражувањето биле вклучени 900 дечиња од 18 месеци до 2 години, а за потребите на студијата, нивните родители забележувале колку време нивните деца поминуваат покрај ваквите уреди. Родителите следеле неколку параметри, а посебно комуникацијата – колку често и колку по колку зборови кажуваат.

Резултатите покажале дека 20 отсто од децата помнале во просек 28 минути дневно во близина на било какви екрани. Секој пола час повеќе од тоа дневно било поврзано со дури 49 отсто повисок ризик од доцнење на развојот на говорот. Во други аспекти на комуникација, како што се гестикулации, говор на телото или социјална интеракција, воопшто не е пронајдена слична врска како кај говорот. Иако резултатите можеби изгледаат логично и говорат сами за себе, експертите предупредуваат дека е рано за било каков заклучок.

Кетрин Биркен, педијатар и ко-автор на истражувањето предупредува дека врз основа на студијата не смеат и не можат да се извлечат некои дефинитивни заклучоци. Повикува на подетални истражувања од надлежните, од причина што корелацијата не подразбира каузалност.

ААП (Американската академија за педијатрија), сепак со ова истражување ја потврди препораката дека децата под 2 години не смеат никако да бидат поврзани со технологија на било каков начин. Имено педијатрите веруваат дека таквите активности можат да доведат до одвојување на малите деца од своите родители.

Постарите од две години, според ААП, не мораат да имаат целосна забрана, туку да се земе во предвид внимателна родителска контрола.

Поддржете ја нашата работа: