Под површината на Земјата се наоѓа огромно богатство од неколку милијарди тони дијамант – велат научниците од престижниот Институт за технологија (МИТ) во Масачусетс, САД.
Сепак, истражувачите предупредија дека засега не брзаат да дојдат до нив, бидејќи се наоѓаат помеѓу 145 и 240 километри под површината на Земјата, далеку подлабоко од досеганите ископувања и можностите на технологијата.
“Не можеме да дојдеме до нив, а има многу повеќе дијаманти отколку што претходно мислевме”, вели научникот Улрих Фол и додава дека дијамантот не е само извонреден минерал, туку нешто релативно заедничко за целата Земја.
Користејќи ја сеизмиологијата за да анализираат како звучните бранови минуваат низ Земјата, научниците откриле карпи кои што ја покриваат Земјината кора, создавајќи обвивка околу неа.
Откако се направени додатни истражувања, откриено е дека карпите се од дијаманти и дека Земјата под својата кора има далеку поголемо богатство, отколку што претходно се мислеше.
Научниците додаваат дека тие дијаманти нема да бидат пронајдени во најскоро време, бидејќи сеуште немаме технологија, а за природен процес се потребни силни вулкански ерупции за да дојдат поблиску до површината на Земјата, а такви ерупции се случуваат многу ретко.