Погледнете го документарецот на Леонардо ди Каприо

Надвор од своите вообичаени улоги, Леонардо ди Каприо ги презема одговорностите за создавање на еден моќен филм за климатските промени кој се нарекува „Before The Flood“.

Најпрво бевме скептични, но, сепак, вреди да се одвојат 95 минути од вашето време за да го погледнете. Во овој филм, Леонардо ди Каприо патува низ светот, од Гренланд до Индија, во потрага по ефектите од климатските промени кои се случуваат на планетата, како и напорите за да се спречат.

„Само сакам да знам до колку далеку сме стигнале, колку штета сме направиле, и дали постои нешто што може да го направиме за да ја спречиме“- вели тој на почетокот на филмот.

Ди Каприо и режисерот Фишер Стивенс ги разгледуваат статистиките и влијанието на вистинскиот свет од зголемувањето на температурите, изумирањето на коралните гребени па се до градовите кои тонат – овој филм е една тура на целата штета што ја предизвикуваме во моментов на планетата.

980x

Тој зборува со научници и експерти од целиот свет за овие негативни ефекти и за некои од причините зошто нашиот свет се загрева, вклучувајќи ја употребата на фосилни горива, влијанието од преработката на месната индустрија, како и уништувањето на шумите. Во филмот се појавуваат и некои препознатливи имиња како што се Илон Маск, директорот на „The Revenant“ – Алехандро Ињариту, како и претседателот Обама.

Она што филмот го издвојува, покрај катастрофалните ефекти кои може да ни се појават на патот доколку не се преземе итна акција, е тоа колку всушност распространето и комплицирано е ова прашање.

Целиот филм можете да го погледнете овде:

https://www.youtube.com/watch?v=90CkXVF-Q8M

Поддржете ја нашата работа: