Кое е најстрашното филмско чудовиште? Ајкула? Вампирски лилјаци? Змии во авион? – Што мислите за луди хрчаци? Не зборуваме за хорор филмови, туку за вистински ѕверови.
Овие крвожедни глодари се забележани во област од североисточниот дел на Франција, пишува indy100.
Жртви на неконтролираното земјоделие
Дивите хрчаци обично се хранат со зрнеста храна, корења и инсекти, но земјоделието во една област во Франција, нивното природно живеалиште го претворило во бескрајни полиња насадени со пченка.
Нивната нова исхрана која се темели исклучиво на пченка, кај мажјаците создала недостаток на витамини која ги наведува да го јадат сопствениот потомок.
Научниците кои ги проучуваат хрчаците вака го опишуваат нивното однесување: “Женките ги спремаат своите младенчиња заедно со собраната пченка, пред да почнат да ги јадат. Младите ги јадат додека сеуште се живи.”
































