Помогнете во борбата против коронавирусот со вашиот компјутер!

Ако имате моќен компјутер, можете да ја донирате вашата графичка моќ за да се борите против појавата на COVID-19. Ова не е нешто што некогаш мислев дека ќе  напишам, но излегува дека 2020-та понекогаш е чудна и на добри начини.

Nvidia упатува повик до гејмерите насекаде да ја превземат апликацијата Folding@home и да започнат да ги дадат своите екстра циклуси со цел да унапреди човечкото научно знаење за вирусот. Програмата ги поврзува компјутерите во меѓународна мрежа што користи дистрибуирана моќ за обработка за да изработува масовни компјутерски задачи – нешто во кое моќните графичките процесори кои често ги поседуваат гејмерите, се доста добри. Исто така можете да ја исклучите апликацијата и да ја побарате целата моќ на вашиот GPU за играње игри кога сакате.

Folding@home е со години наназад – исто така беше достапно и на PS3 порано – при што корисниците ја позајмуваа својата дистрибуирана моќ за сите видови истражувања. Новиот бран на проекти „симулирање на потенцијални лекови против SARS-CoV-2 (вирусот што предизвикува COVID-19) и поврзаниот вирус САРС-КоВ (за кои се достапни повеќе структурни податоци) станаа достапни на услугата оваа недела.

Овие проекти можат да им помогнат на истражувачите подобро да го разберат коронавирусот, и дури да развијат ефективни терапии против него. Ако сте се справиле со чувства на беспомошност поради оваа светска појава, ова е мал, но вистински начин на кој можете да дадете помош на светот без никакво медицинско искуство. Исто така, не боли што не треба да ја напуштате куќата за да го сторите тоа.

Поддржете ја нашата работа: