Ако сте од оние кои неколку пати, насолзени, сте го гледале филмот „Титаник“, замислувајќи го бродот на дното од океанот, од сега можете да ги посетите неговите остатоци на дното на океанот. Услов е да имате 105.000 долари.
Колку и да изгледа вртоглаво висока оваа цена, интересна е нејзината симболика. Тоа е токму онаа сума што, пресметана според инфлацијата на доларот, изнесува точната цена на билетот која што ја плаќале патниците за во првата класа на Титаник, пред повеќе од 100 години.
Британска туристичка компанија ќе организира тури во траење од осум дена, за кои патниците ќе се упатат по марш-рутата на легендарниот брод, се до местото на судирот со сантата мраз.
Таму, со слецијална титаниумска капсула, ќе може да се спуштат на дното на Атлантикот, на длабочина од 4.000 метри, каде што ќе го забележат трупот на грандиозниот прекуокеански брод.
Титаник потона на своето прво патување, 14 април 1912 година, во северните делови на Атлантскиот океан, откако удри во огромна санта мраз. Во несреќата загинаа повеќе од 2.500 лица.
Местото на трагедијата, секако, стана голема туристичка атракција.