Тим истражувачи од Универзитетот во Аризона, преку детална анализа на седименти собрани во западна Африка, утврдиле дека во регионот некогаш имало десеткратно повеќе врнежи во однос на она што се регистрира денес.
Според Џесика Тирни, која ја предводела студијата, тоа би значело дека огромниот регион на пустината Сахара изгледал многу поразлично и бил многу погостопримлив за луѓето и животните. Овој период го нарекле „Период на зелената Сахара“, а оценуваат дека се случил пред околу 5.000 до 11.000 години.
Археолошките докази утврдиле и дека човекот од тој регион постепено се повлекувал од пред околу 8.000 години, како и на тоа дека на ова иселување му предстои период на долгогодишна суша која настанала поради промена на климата и оваа суша всушност ги избркала луѓето од тоа подрачје.
Студијата: “Rainfall regimes of the Green Sahara,” е објавена во „Science Advances“ на 18 Јануари 2017