Физичарите пронајдоа ретко квази-кристално парче во рускиот метеорит, а тоа е трет пат да имаме можност да го видиме овој чуден материјал во природата. Овие кристали не само што се интересни бидејќи се ретки, туку и поради тоа што нивната атомска структура е многу необична.
Со децении нивното постоење се смета за невозможно, поради што првите научници кои ги откриле ги чинело доста работа.
Кристалниот примерок е пронајден од страна на тимот предводен од геологот Луком Биндием од Универзитетот во Фиренца, Италија.
Научниците го испитувале парчињата од метеоритот кој падна во регионот Хатирка во Русија пред пет години, кога тие случајно пронајдоа модел на квази-кристали.
Ова е трет квази-кристал пронајден во парче метеорит досега, кој ни укажува на фактот дека сигурно ги има уште, а можеби и со повеќе необични структури.
„Охрабрувачки е фактот дека пронајдовме три различни видови на квази-кристали во ист метеорит, со тоа што последниот има хемиска структура која никогаш порано не била видена во квази-кристал“, изјави еден од научниците кои работеле на проектот, Пол Стајнхарт од Универзитетот во Принстон.
Што претставува квази-кристал?
Тој се состои од уникатна атомска структура која ги комбинира симетричните својствата на кристалите и измешаните аморфни цврсти супстанции. Кај нив атомите се наредени во модели кои никогаш не се повторуваат и не формираат петоаголници, квадрати или правоаголници.
Во 1982 година израелскиот хемичар Даниел Шехтман предвидел дека друг тип на атомски структури може да се формираат во природата. Необичната форма на материја, чија атомска структура не покажува повторување на примерокот во ниту една од трите просторни димензии.
Кога тој пронашол примероци од синтетички материјал создаден во лабораторија, си рекол сам на себе: “Eyn chaya kao”, што во превод од хебрејски значи „Не е можно да постои такво суштество”.
Во 2011 година, на Шехтман му е доделена Нобеловата награда за хемија за неговото откритие. Пред да му се случи оваа слава со години бил исмеван бидејќи овие квази-кристали до тогаш се сметале за „смешни” и „невозможни” структури.
Квази-кристалите се извонредни, бидејќи речиси два века се смета дека совршената симетрија во атомската структура следи многу специфичен сет на правила, имено структурата на кристали може да биде само периодична.
Неговите изградни блокови се со додекагонална структура, кои во себе имаат форми од триаголник, квадрат, и ромбоидни модели. Совршено се средени, но никогаш не се повторуваат.
Кога научниците ја испитале структурата на новите квази-кристали, потврдиле дека се работи за комбинација од алуминиум, бакар и јаглероден челик. Сепак, ова е само почеток од проучувањето на овие „невозможни кристали”.