Пронајдена првата топлокрвна риба

 
Се работи за „Lampris guttatus“, кој е засега единствениот познат вид на риба која може да си ја контролира температурата на телото, исто како топлокрвите цицачи и птици кои се познати по тоа што можат да ја одржат температурата на телото независно од средината. 
 
Рибара генерира топлина со постојано мавтање со перките и си развила внатрешен систем за размена на топлината во рамките на своите жабри за да ја зачува топлината. Оваа адаптација значи дека топлата крв помага да се загрее ладната која се враќа од површината на жабрите каде што апсорбира кислород, со што рибата одржува просечна температура од 4 до 5 степени.

Рибата има овална форма и големина приближна на гума од автомобил. Оваа адаптација ја користи за да биде поефикасен предатор, односно плива побрзо, реагира побрзо и гледа поостро од другите морски животни кои живеат на длабочина од 50 до 400 м. Може да тежи до 90 кг, и има масни наслаги околу жабрите, срцето и мускулните ткива за да обезбеди изолација од ладната вода.

Истражувањето е објавено во списанието „Science“.

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt