Пронајдени масивни подземни тунели на Месечината

Неодамна експертите пронајдоа гравитациони аномалии кои укажуваат на посоење на подземни шуплини на Месечината, што беше заклучено врз основа на податоците на GRAIL.

Група јапонски научници тврдат дека пронашле масивни подземни тунели на Месечината. Овие тунели, во блиска иднина би можеле да се искористат како совршени засолништа за астронаутите, изнесуваат истражувачите на 48. конференција за лунарни и планетарни науки.

Како што е наведено во студијата, објавена во списанието Geophysical Research Letters, јапонските експерти успеале да пронајдат огромни формации благодарение на вселенската сонда Kaguya.

Користејќи прецизни уреди, експертите пронашле шуплини скриени со километри под површината на Месечината. Интересно, во блиска иднина кога човештвото ќе почне со колонизација на Месечината, овие масивни тунели можат да станат важен дел од напорите да се изгради станица со човечки екипаж на нејзината површина.

Експертите во 2009 година открија длабока јама со десетици метри длабочина и дијаметар што се наоѓа во т.н. Мариус Хилс јама. Во 2016 година мисијата на НАСА пронајде гравитациони аномалии кои би можеле да укажуваат на тунели.

Како што е наведено во студијата од 2009 година, откриени се три големи јами на Месечината од снимки добиени од камерата на Селене. Тие се можни прозорци на големи подземни пештери како лава цевки, по аналогија со слични ископини пронајдени на Месечината.

Научниците, на чело со Јunichi Haruyamom, заклучиле дека тоа не се јами, туку тунели кои продираат во лунарните карпи со длабочина од неколку километри.

Ако луѓето преку ровери или со своите сопствени нозе некогаш добијат пристап до тие тунели, откритието ќе биде неверојатно. Подземните тунели би можеле да се покажат како идеално место каде ќе се создаваат лунарни станици во блиска иднина.

Експертите укажуваат дека овие места би биле прилагодливи за идните човечки колонии, бидејќи ќе ги штитат идните астронаути од зрачење и варијации на температурата. Меѓутоа, постоењето на тунели на Месечината не е ништо ново, вели Владислав Шевченко, шеф на одделот за вселенско и планетарно истражување на Стернберг државниот астрономски институт на Универзитетот во Москва.

Според рускиот сајт BFM.ru: “Овие формации се откриени уште пред неколку години. Тогаш експертите избрзаа со донесување на заклучоци, објаснувајќи го нивното потекло како вулкански цевки кои се наоѓаат во вулканските лунарни мориња. Формациите носеле лава до површината, па материјалот е компресиран и со ладење се формирале тунели.“


Поддржете ја нашата работа: