Прототип на новиот „iPhone 7“ (Видео)

Во видеото на „Unbox Therapy“, водителот тврди дека ја има макетата на новиот „iPhone 7 Plus“ и одговара на многу прашања за тоа по што ќе се разликува новиот „iPhone“ од претходната генерација.

Во видеото се вели дека макетата ја добиле од сигурен извор од странство, многу време пред да се појави телефонот. Секако, скептични сме околу ова без официјална потврда, но доколку е точно, телефонот има неколку забележителни измени.

Камера со двојна леќа, поместена антена, мала разлика во дебелината, отсуство на приклучок за слушалки и дополнителни сензори се чини дека се само дел од измените и можностите на следната генерација на „iPhone“. Покрај тоа, новиот телефон доаѓа во сина боја.

Додека „Apple“ официјално не потврди, ова останува на ниво на шпекулација, но дотогаш погледнете го видеото …. и што мислите, дали е ова вистина?

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.