Посетителите на еден Мадридски парк од неодамна можат да го видат првиот пешачки 3Д печатен мост во светот.
Оваа чудесна структура е дело на Институтот за напредна архитектура на Каталонија, во соработка со тим од архитекти, инжинери и претставници на градските власти.
Мостот е со должина од 12 и ширина од 1,75 метри и премостува мала река во парк во гратчето Алкобендас, во непосредна близина на Мадрид. Мостот е направен од вкупно 8 делови.
Креаторите гордо истакнуваат дека ова е прв пат 3Д штампач да се користи за изградба на мост, а како изгледа тоа, погледнете во видеото.
Поддржете ја нашата работа: