Првото пиво направено од вештачка интелигенција

Пристигна првото пиво на светот направено од страна на вештачка интелигенција и сега вештачката интелигенција сака да знае што мислите за него, за да може да го направи уште повкусно.

Компанијата „IntelligentX Brewing“ со седиште во Велика Британија, вели дека е првата компанија на светот која користи компјутерски алгоритам за да направи подобро пиво.

Вештачката интелигенција, која научниците ја нарекле „Automated Brewing Intelligence“ или скратено „ABI“, црпи податоци од пивари од светска класа, со чија помош донесува одлуки за разни варијабли, како што се состојките и методите кои се користат за правење пиво.

Компанијата има свој сајт каде што клиентите можат да коментираат, да дадат оценка, да предложат подобрувања и да гласаат за своето омилено пиво, додека на пример седат во некој паб и конзумираат некое од четирите пива со различни вкусови.

Така, вештачката интелигенција го комбинира знаењето на пиварите со барањата на клиентите за да го направи пивото толку добро колку што сакате да биде.

Со оглед на тоа дека вкусовите на луѓето постојано се менуваат, вештачката интелигенција е одличен начин за да се следи и искористи тоа.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.