Компанијата „Астроботик“ од Питсбург, САД која развива комерцијални лунарни лендери објави дека ќе го лансира првото вселенско летало до Месечината до 2019 година.
Лендерот кој е наречен „Перегрин“ ќе се одвои од ракетата „Атлас 5“ на сојузот за лансирање (United Launch Alliance- ULA).
Во текот на мисијата „Перегрин“ ќе носи 35 килограми товар до површината на Месечината. Според претставниците на компанијата, Астробиотик веќе има потпишано 11 договори со компнии кои сакаат да учествуваат во првиот лет.
Првата мисија претставува демонастрација на можностите на „Перегрин“. Астроботик предвидува дека нивниот лендер релативно често ќе пружа услуги, носејќи и до 256 кг. товар на Месечината за разни клиенти, од владини вселенски агенции, како што е НАСА, до компании кои имаат за цел да ги експлоатираат лунарните ресурси.
Сепак, „Перегрин“ можеби нема да биде првиот приватен лендер што ќе стигне на Месечината, дури и ако Астроботик го испочитува предвидениот рок. Остануваат петте тимови кои ќе се натпреваруваат за наградата „Google Lunar X (GLXP)“, според која првата приватно финансирана група која ќе спушти роботско летало на Месечината, ќе го помести најмалку 500 метри и ќе испрати слики во висока резолуција, ќе добие 20 милиони долари.
Петте тимови се: Хакуто, Мунекспрес, Спејсил, Синерџи Мун и Тиминдус. Тие имаат време до крајот на годината да ги остварат овие цели, бидејќи наградата истекува по 31 декември 2017 година. Компанијата Астроботик учествувала во ова натпреварување, но испаднала минатата година.