Развиен првиот крвен тест за откривање на меланом

Австралиски научници развиле крвен тест за откривање на меланом во рана фаза. Во испитувањето во ке учествувале околу 200 лица, од кои пола од испитаните имале карцином, тестот бил успешен во дури 81,5% од случаите.

Целта на тестот кој е прв до сега е олеснување во откривањето на рак на кожата пред да стане смртоносен, велат научниците во студијата, објавена во стручното списание Oncotarget.

Лекарите засега мораат да се потпираат на прегледот на кожата и биопсијата за откривање на меланомот. Научниците тврдат дека овој крвен тест би можел да даде поточни резултати од класичниот преглед на кожата и со тоа да спаси многу животи.

Тестот, кој е развиен од страна на научниците од Универзитетот Edith Cowan, открива меланом по пат на препознавање на антитела кои ги произведува организмот додека се бори против растот на карциномот.

Како што веќе беше кажано, тестот е успешен во 81.5% од случаите. Соодветни клинички испитувања ќе се случат во рок од 3 години за да се подобри нивната точност (до 90%). Научниците се надеваат дека тестот може да биде одобрен за употреба во рок од 5 години.

Малигниот меланом, најтежок облик на рак на кожата, главно е предизвикан од изложување на UV зрачење. Обично започнува со промена на бемките или други израстоци на кожата.

Иако специјалистите се доста добро обучени во препознавање на меланомот, професорката Мел Зиман тврди дека овој тест би требало да го забрза поставувањето на дијагнозата.

Раното откривање на меланомот е доста важно, бидејќи степенот на преживување во тој случај изнесува дури 98 до 99%. “Штом се прошири подлабоко во кожата, степенот на преживување драматично се намалува”, напоменува Зиман.

Поддржете ја нашата работа: