Организацијата „Macedonian owl trust“ преку својата Фејсбук страница реагираше и објави фотографии, на кои се гледа како двајца луѓе, веројатно ловџии од Битола, позираат со фатен златен – сури орел.

Според организацијата, се работи за птица која во Македонија е веќе вистинска реткост, и на прсти можат да се избројат македонските орли.

„Веројатно се сеќавате колку напори вложивме и вративме во природа повредени, отруени, заробени и запленети ретки видови кои според Законот на природата на Македонија би требалo да уживаат статус на ’заштитени со највисок степен на заштита’. Згрозени и вознемирени од овие фотографии Ве молиме доколку ги препознаете овие ‘позери’ – пријавете ги! Пријавете ги кај нас, во полиција, во Инспекторатот за животна средина (отсек природа), во Инспекторатот за шумарство и ловство. Пријавете и помогнете на инспекторите да го решат овој случај – верувајте, функционира тоа!“, повикаа од организацијата за заштита на ретки птици.

Граѓани преку социјалните мрежи помагаат, даваат предлози и идеи како би се решил случајот преку институционален пат, а некои веќе посочуваат и идентитетот на ловџиите.

Извор: radiomof.mk

Поддржете ја нашата работа: