Запознајте ја рибата која поседува вградени светилки под очите

Кога ловите во комплетна темнина, полезно е да се има светилка со себе. Рибата Anomalops katoptron, која лови планктони по коралните гребени, е единственото суштество на кое таквата светилка е срасната под очите.

Овој вид риба има органи во облик на грав, сместени под очите, а во нив држи бактерии кои произведуваат светлина. Рибата може едноставно со трепкање да го вклучи и исклучи светлото, при што изгледа како да праќа Морзеови сигнали во морските длабочини.

Додека бројни други суштества од океанот се биолумискентни, релативно малку се познати причините зошто оваа риба така трепка.

Џенс Хелингер, зоолог од Универзитетот во Бохум, Германија, во соработка со други научници истражувал јато риби со ‘светилки ‘ во резервоарите со вештачки корални гребени под различни лабораториски услови.

Во темнината на ноќта рибата трепкала многу често, околу 90 трепкања во минута. Вклученото и исклучено светло траело подеднакво.

Кога рибите ќе откриеле жив планктон, светилките ги држеле запалени подолго време. Трепкале 5 пати поретко, отколку во ситуација каде во близина немало храна.

Во нивната природна средина, во Банда морето во близина на Индонезија, овие риби живеат во коралните гребени. Обично се поактивни во текот на ноќта кога нема месечина.

Поддржете ја нашата работа: