Зошто некои луѓе имаат дамки на ирисот?

Новата студија покажа дека дамките во ирисот најчесто се присутни кај лица кои се почесто изложени на сонце. Иако не се од малигна природа, дамките во окото би можеле да укажуваат на присутност или ризик од очни болести прдизвикани од сончева светлина, како што е катаракта или макуларна дегенерација.

Студијата е објавена во списанието Investigative Ophthalmology & Visual Science. Повеќе од 600 пливачи од јавните базени во Австрија, учествувале во испитувањето, а притоа пополниле прашалник кој се состоел од прашања за нивното изложување на сонце во текот на животот, и колку тие имаат навика да носат заштита за нивните очи како што се очила.

Научниците откриле дека разојот на дамки во ирисот е поврзан со возраста. Резултатите исто така откриле дека лицата со потемна боја на очи имаат помала веројатност да се стекнат со вакви дамки, а исто така и оние лица кои имаат навика да се заштитуваат од сонце на било кој начин.

Еден неочекуван пронајдок се однесувал на нерамномерното позиционирање на дамките во окото. Дамките, најчесто се наоѓаат во долниот надворешен квадрант на секое око. Научниците претпоставиле дека ова е така бидејќи нашиот нос и веѓи, ги штитат горните и внатрешните квадранти на окото од сонце, ја намалуваат изложеноста, а со тоа и ризикот од развој на дамки.

“Иако сеуште не ја знаеме точната улога на сончевата светлина во развојот на некои очни болести, сега имаме биомаркер кој укажува на големата изложеност на сонце”, вели авторот на студијата Кристоф Шваб, офтамолог од Универзитетот за медицина во Грац.

Поддржете ја нашата работа: