Руската компанија „Hoverbord“ успешно го тестирала својот нов изум, машина наменета за еден човек со која може да се вивнете во воздух.
Оваа комбинација на моторцикл и хеликоптер, која визуелно неверојатно наликува на летечкиот мотоцикл од „Војна на ѕвездите“ наречена е Шкорпија-3 (Scorpion-3). Иако се верува дека ќе биде многу погодна како инструмент за екстремни спортови, во „Hoverbord“ веруваат дека оваа машина има потенцијал и во сообраќајната индустрија.
Во текот на тестирањето машината покажала неверојатна способност за маневрирање низ прострот во халата каде е вршено тестирањето.
Шкорпија 3 може да постигне максимална брзина од 50 км/час, а функцонира со помош на електрична енергија или хибридна батерија. Додека со стандарден погон, откако ќе се наполни може да се користи околу 27 минути, со хибридна батерија времетраењето се продолжува барем за уште два часа.
Моментално, цената на оваа несекојдневна машина изнеува 150.000 долари.