Сателити откриле необична област покрај огромна јама на Марс

Огромна јама на јужната хемисфера на Марс премногу ги збуни научниците, кои не можат да објаснат како настанала.

Оваа геолошка мистерија потсетува на измислениот ѕвер од Војна на ѕвездите кој можеше да изеде еден човек одеднаш.

Неверојатната нова слика која ја направи инструментот HiRISE од Mars Reconnaissance орбитерот на НАСА, отки нешто што изгледа како необичните кружни формации, додека околу неа се наоѓа терен како направен од швајцарско сирење.

Снимката настанала на 25ти март, за време на крајот на летото на јужната хемисфера на Марс. Во тоа време Сонцето се наоѓа ниско на небото, и така открива суптилни текстури на површината на Марс.

“Ние можеме да се видиме голем број на плитки јами настанати во ледената покривка од јаглеродниот диоксид. Постои и подлабока, кружна формација која пробива низ мразот и прашината”, вели Алфред МекЕван од лабораторијата на Универзитетот во Аризона.

Експертите велат дека возможно е да станува збор за ударен кратер или за срушена јама, и дека двата случаеви се многу чести на Марс. Со оглед на тоа дека таквите јами со тек на време се менуваат и порамнуваат, тешко може да им се одреди годината.

Потоа тука е необичниот лушпест кратер кој исто така го снимил HiRISE инструментот.

Сликата од скала од 50см. по пиксел покажува кратер кој е значително поголем од се околу него. Сликата е направена кратко време откако НАС објави дека Mars Reconnaissance извршил 50 000 орбитирања околу Марс од 2006та година.

Вселенската агенција тврди дека ниту една друга камера не направила вакви детални фотографии. После околу една деценија камерата направила околу 90 000 слики со широчина од 30 км. а може да снима и објекти со големина колку едно тениско игралиште.

“По 11 и пол години, вселенското летало е здраво и сеуште целосно функционално”, вели проект-менаџерот Дан Џонстон од Jet Propulsion Laboratorya на НАСА.

“Станува збор за прекрасно летало кое би требало уште многу години да и служи на вселенската програма на Марс.”

Поддржете ја нашата работа: