Се ближи моментот кога ќе го видиме новиот IPhone кој е најголем и најскап досега

Се приближува моментот кога Apple ќе го претстави новото издание на својот паметен телефон, а можно е и други додатни гаџети, сервиси и софтвери. Сепак, во центарот на вниманието, секако ќе биде новиот модел на IPhone, за кој се зборува веќе со месеци.

Меѓу останатото се зборува и дека можеме да го очекуваме досега најскапиот и најголем IPhone досега, дека новите модели ќе ја добијат ознаката XS, дека најефтиниот модел нема да биде баш добар, дека би можела да изостане поддршката за 3D Touch и Apple Pencil, дека ќе чини од 649 евра па нагоре…

Покрај новите модели на IPhone, се зборува дека би можеле да бидат претставени и новиот iPad, iMac mini и Air, како и нова генерација на паметниот часовник Apple Watch. За ова најверојатно ќе дознаеме кога ќе бидат официјално достапни изданијата на оперативните системи iOS12 и Mojave.

Се разбира, можно е некои најави да бидат оставени за можни настани во октомври, како што се случуваше во изминатите години. Последен пат тоа го направија на 27 октомври 2016, кога беше претставен MacBook Pro Touch Bar.

Настанот е закажан за утре, 12 септември.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.