Се тестира универзална вакцина против грип

СПОДЕЛИ

Новата сезонска вакцина против грип, прва таква во светот која е наменета против сите видови на грип, клинички ќе се тестира во следните две години на повеќе од 2000 пациенти. Оваа универзална вакцина ја развиваат научниците од Институтот Jenner при Универзитетот во Оксфорд и експертите од Vaccitech, компанијата за технологија.

Секоја сезона, лекарите од целиот свет се соочуваат со истите прашања – одредување на актуелниот вид вирус на грип со цел да се примени соодветна вакцина.

Постојат три вида на вирус: А, Б и Ц, но само првите два се поопасни поради придизвикување на епидемија и подложност на мутации. Најчесто А и Б видовите наизменично се менуваат со текот на годините, но се случува и еден вид да се повтори два пати по ред, поради што е тешко да се предвиди моделот на појавата. Поради менување на видот се менува и вакцината, а доколку се воведе универзална вакцина, на ваквите проблеми наскоро ќе им дојде крајот.

Новата вакцина функционира на принципот да користи протеини кои се јадро на вирусот, а не на неговата површина. Површинските протеини, имено излегуваат од вирусот и постојано се менуваат, што е различно од оние кои се стабилни.

Новата вакцина треба да го стимулира имунолошкиот систем за да ги поттикне активните Т-клетки на уништување на вирусот наместо антителата. Претходните истражувања покажаа дека Т-клетките помагаат во борбата против повеќе групи на вируси.

Т-клетките имаат различна улога – некои од нив се однесуваат заштитнички и му јавуваат на телото дека вирусот е присутен, други ги убиваат инфицираните клетки, додека трети им помагаат на Б-лимфоцитите во производство на антитела.

Британските научници веруваат дека новата универзална вакцина ќе ни пружи подобра и подолга заштита доколку се користи во комбинација со редовна сезонска вакцина. Тие се надеваат дека ефектот ќе се задржи од 1 до 4 години, -стои во изјавата на Vaccitecha Tom Evans.

Сигурноста на новата вакцина веќе е тестирана, а наредните две години ќе се спроведе клиничко тестирање во фазата IIб, во која се испитува односот, дозирањето и одговорот, натаму сигурноста, фармакокинетиката и фармакодинамиката – која може да биде различна во однос на здрава популација. Во таа фаза прв пат се испитува ефикасноста на лекот.

Дискусија

Коментари