Општото мислење на целата јавност е дека приземјениот дел од ракетата на SpaceX ќе се употреби повторно за лансирање во некоја следна мисија, меѓутоа Илон Маск има други планови.
После успешото лансирање на приватната американска компанија „SpaceX“ при што за првпат во историјата успешно е приземјен поголемиот дел од ракетата (главниот мотор) со идеја да може повторно да се употреби за некој следен лет.
Според изјавата на основачот и извршен директор на компанијата, Илон Маск овој приземјениот дел од ракетата од оваа мисија нема никогаш да се употреби во друга ракета туку ќе го постават негде каде што ќе може да бде поетен од јавноста, пред се поради фактот дека истиот има и историска вредност.
После успешната мисија, основачот и извршен директор на компанијата, Илон Маск, изјави за медиумите: „Јас мислам дека ова е револуционерен момент. Никој до сега не успеа да врати назад орбитален бустер со овие димензии. Постигнавме зачувување на ракета во мисија во која исто така се распоредени 11 сателити. Ова е фундаментален чекор на промена во споредба со која било друга ракета што досега е лансирана”.
„SpaceX“ планира да направи уште подобрувања на своите нови мисии и да ја усоврши оваа постапка со цел да не се случи повторно несакан настан како тој на 28 јуни кога ракетата се распадна и експлодира само 3 минути после лансирањето.