Што ни носи развојот на вештачката интелигенција?

Вештачката интелигенција повеќе не е идеја од научно-фантастична литература. Таа станува дел од секојдневниот живот. Како компјутерската интелигенција го менува нашиот живот и како ќе ни ја промени иднината, се зборуваше во емисијата Гласот на Америка “Заедно со Грета ван Састерен”.

Како што е наведено, вештачката интелигенција на многу од нас им го смени начинот на живот. Таа влијае на тоа како патуваме, која содржина ја пребаруваме на интернет, па дури и на храната која ја конзумираме. Меѓутоа, брзиот развој на технологијата отвара низа од суштински прашања, – истакнува директорот на компанијата “Мајкрософт” Бред Смит.

“Исто како што ниту еден поединец, компанија или влада не смеат да бидат над законот, така ниту една технологија не смее да биде над законот. Мислам дека ќе мора да создадеме етички принципи, а потоа и закони за општеството да одлучи како сака да се применува технологијата”, вели Смит.

Вештачката интелигенција сега има алгоритми кои се закануваат дека ќе го надминат нивото на човечката интелигенција и се користат во борба против тероризмот, гладот во светот и медицината.

“Многу современи методи во имунотерапијата, на пример при лекување на рак веќе се засновани на вештачка интелигенција, а имаме и многу причини да веруваме дека сето тоа ќе продолжи со поголема брзина”, додава тој.

Сепак, напредокот на вештачката интелигенција исто така значи дека пазарот на трудот ќе се трансформира и стане многу потежот за нискоквалификуваните работници.

Денешната работна сила е од фундаментално значење – да научи нови вештини со цел да се адаптира и биде поуспешна во новата ера.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.