Што всушност откри НАСА на Марс?

Роверот на НАСА, „Кјуриосити“, кој веќе шест години ја истражува површината на планетата Марс, неодамна до аналитичкиот центар на Американската агенција за вселенски истражувања испратил податоци коишто покажуваат дека на Црвената планета постојат траги од органски молекули, односно од основните компоненти од кои се составени живите организми.

Станува збор за молекули на соединението – метан, составено од атоми на јаглерод и на водород (CH4), што на нашата планета природно се создава единствено од живите организми.

Истражувачите се уште не се во состојба да утврдат дали остатоците од органски молекули упетуваат на постоење на живот во праисторијата или пак, од се уште активен живот.

На синоќешната прес-конференција, астробиологот од НАСА, Џенифер Ејгенброд, рече дека е мошне возбудена од фактот што на Марс би можело да постојат организми прилагодени на екстремните услови на Црвената планета.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.