Швајцарија забрани готвење на жив јастог

Швајцарија забрани една од најконтроверзните практики на готвење, а тоа е готвењето на жив јастог.

Месото на ова животно почнува да се распаѓа веднаш откако ќе умре, па затоа вообичаена е праксата оваа членконога да се задржи жива пред самото готвење. Некои готвачи се одлучуваат да го стават мозокот од јастокот на ражен и да го убијат непосредно пред подготовката на самиот оброк, или да го поливаат со врела вода додека е сеуште жив.

Втората опишана практика станува илегална во Швајцарија, при што моментално се бара да се “онесвести” јастогот пред да биде убиен. Исто така, единствен прифатлив метод за таквиот чин е електричен шок или “механичко уништување” на мозокот.

Одредбата на законот кој ќе стапи во сила на 1ви март, оваа година вклучува и нови правила кои се однесуваат на нивниот транспорт: живите членконоги, вклучувајќи го и јастогот не смеат повеќе да се транспортираат во мраз или студена вода. Имено, мораат да се чуваат во средина која е слична на нивната природа.

Сето тоа е дел од поголемата реформа на националниот закон за заштита на животните. Таквиот законски потег, сепак, нема да го спречи убивањето на јастогот, а дали ќе се спречи какво било страдање на споменатото животно е дискутабилно.

Тезата за страдањето на јастогот е поткрепена од неколку истражувања. На пример, една студија од 2013та година, објавена во списанието Journal of Experimental Biology, покажува дека членконогите избегнуваат електрични шокови, што се смета како потег кој е во согласност со клучните критериуми за чувството на болка.

Некои експерти не се сложуваат со таквата проценка поради тоа што на јастогот за да процесира болка му недостасува сложен нервен систем, иако е познато дека дури и растенијата имаат еден вид рудиментален нервен систем, бидејќи знаат кога им се нанесува болка.

Без разлика дали темата ќе се отвори за расправа во блиска иднина, антропологот Барбара Кинг вели: ” Без оглед дали знаеме дали јастогот може или не може да почувствува болка, нашата етичка одговорност ќе смета така, се додека не се докаже спротивното”.

Поддржете ја нашата работа: