Скали што го олеснуваат качувањето (видео)

Истражувачите од Институтот за технологина во Џорџија и Универзитетот Емори направиле уред кој го олеснува качувањето и симнувањето по скали, особено за луѓето кои имаат проблеми со колената и за старите луѓе. Тие изработиле скали кои ја апсорбираат енергијата на корисникот додека се симнува и ја ослободуваат кога се качува по скали.

Овие паметни скали ги намалуваат ударите на колената и глуждовите, благодрени на вградените федери и сензори за притисок.

Скалите се прицврстени со метални опруги во стабилна рамка од алуминиум и истражувачите велат дека ваквата конструкција може лесно да се монтира на постоечките скали.

Секое скалило има вградени федери и сензори за притисок кои регираат на движењата на корисникот. При симнување, секое скалило се спушта и полека се закочува кога ќе дојде  на ниво на следниот чекор, апсорбирајќи ја енергијата генерирана од самиот корисник. При качување, бравата од подолното скалило се откочува и  ја  ослободува апсорбирана енергија во федерите, помагајќи му на корисникот да се качи.

Тестирањата покажале дека овој систем ги растеретува колената за 37 проценти при качувањето, во спореба со обичните скали. Резултатите исто така покажале дека при симнување, ударите на глуждовите биле намалени за 26 проценти.

Во споредба со одењето на рамен терен, користењето на скалите претставува три пати поголем напор за колената. Тоа е уште поголем предизвик за луѓето што страдаат од болки во зглобовите, мускулна слабост, луѓето со намалена сензомоторна контрола и претставува една од петте најтешки задачи за постарите луѓе.

„Лифтовите го заменуваат качувањето по скали, но во такви околности снагата уште повеќе се губи. Затоа е важна моторичка потпора која на луѓето ќе им овозможи и понтаму да ги користат скалите и да ја одржуваат мобилноста“– наведуваат научниците.

Скалите исто така можат да се инсталираат привремено за  луѓе кои треба да ги користат краток временски период, на пример после хируршки интервенции или за бремени жени.

Истражувањето е објавено во  „PLOS ONE“.

Поддржете ја нашата работа: