Скелет на дете со „вонземски“ череп откриен на Крим (видео)

Археолозите на Крим откопале скелет на дете со необично  деформиран, издолжен череп. Заради необичната структура на главата, научниците веднаш го нарекле „вонземјанин“.

Овие необични остатоци научниците биле откриени во близина на селото Јаковенково во источниот дел на Кримскиот полуостров. Се смета дека гробот датира од вториот век, додека детето било на возраст од колу 1,5 години.

Заради големите деформации на черепот на детето, локалитет го добил називот „гроб на вонземјанинот“.

Многу древни култури практикувале вештачко менување и деформацаја на телата и обично тоа се изведувало кај малите деца, бидејќи нивниот череп е многу пофлексибилен.

Археолозите наведуваат дека ваквите дефармации на черепот се типични за Сарматите кои некогаш го населувале подрачјето на денешен Крим. Се смета дека на тој начин се идентификувале членовите на одредени групи или носители на одреден општестен статус.

Сепак, некои прврзаници на теоријата за „антички астронаути“ тврдат дека вакви издолжени черепи  би можело да имаат човечко-вонземјански хибриди.

Покрај скелетот археолозите откопале и грнчарија и перли, како и бакарна нараквица на неговата десната рака.

Во близина на местото каде е пронајден скелетот на детето, биле откриени и неколку погребни места кои датраат од првите три века, како и масивни камени гробници, за кои се верува дека им припаѓале на луѓе со висок ранг од Боспорското Кралство-античка држава која се наоѓала во источен Крим помеѓу петтиот век п.н.е. и четвртиот век од н.е..

Поддржете ја нашата работа: