„Нашите предходници одамна имаат сфатено дека значењето на мостот кој би ги поврзувал Крим и Кавказ е огромно, и поради тоа одамна ја имаат планирано неговата изведба. Се надеваме дека ние ќе ја исполниме оваа историска мисија“
изјавил рускиот претседател.
Путин потсетил дека уште во времето на владеењето на Николај II, 1910 година, е планирана градба на мост кој би го поврзувал Таманскиот и Кримскиот полуостров, меѓутоа Првата светска војна го спречила овој подвиг.
Подоцна во 1930 година, советските инженери проектирале железница помеѓу Херсон и Поти, меѓутоа изградбата била спречена поради Втората светска војна.
Мостот кој е изграден после војната не го издржал движењето на ледените санти па затоа новиот мост, кој се планира да биде 19 км долг и ќе биде најдолгиот во Русија, треба да ги надмине сите предизвици.