Скоро 500 милиони животни жртви поради Австралијанските пожари!

СПОДЕЛИ

Бидејќи пожарите продолжуваат да беснеат низ Австралија, експертите стравуваат дека уникатниот животински свет во земјата претрпува катастрофален удар.

Истражувачите од универзитетот во Сиднеј проценуваат дека околу 480 милиони животни биле убиени од пожарите од кога започнале во септември, пренесува „Тајмс“. Меѓу жртвите има и до 8000 коали – скоро третина од населението на коалиите на Нов Јужен Велс – кои исчезнаа по источниот брег на земјата.

„Ќе знаеме повеќе кога пожарите ќе се смират и може да се направи соодветна проценка“, рече австралискиот министер за животна средина, Сузан Леј, на австралиската радиодифузна корпорација.

Коалите се едни од најтешко погодените, поради тоа што се релативно бавни и живеа во шумски предели. Извештаите од почетокот на овој месец ни даваат детали за грозни сцени на коали и други домашни марсупили кои се пронајдени дезориентирани, дехидрирани, тешко изгорени или – во најлош случај – јагленисани до смрт.

„Пожарите изгореа толку жешко и толку брзо што има забележано значителна смртност на животните во дрвјата, но има толку голема област сега која сè уште гори што веројатно нема никогаш да ги пронајдеме телата“, рече Марк Греам, еколог со Советот за заштита на природата, изјави пред парламентарно испитување, според „Гардијан“.

Дискусија

Коментари