Со брокули против рак

Едно неодамнешно истражување открива дека еден специфичен ензим кој се наоѓа во зелениот зеленчук, особено брокулите, ги убива матичните клетки на ракот со што може да ја спречи неговата повторна појава. Друго истражување пак, покажа дека екстрактот од брокули го намалува ризикот за рак на грлото кај глувци кои имале предиспозиции за болеста.

Сега, едно ново истражување од здравствениот научен центар при Универзитетот Тексас A&M, ни покажува дека едно специфично соединение кое се наоѓа во брокулите и другиот зелен зеленчук, познато како сулфорафан, не само што може да го спречи ракот, туку може и да помогне при неговото лекување.

За целта на истражувањето, научниците испитувале 28 учесници над 50-годишна возраст кои биле подложени на рутински колоноскопии. Тие требало да пополнат анкета за нивните навики за јадење на зеленчук, а потоа било мерено нивното ниво на п16 (туморски супресорен ген) во дебелото црево. Оние лица кои јаделе повеќе зелен зеленчук имале повисоко ниво на п16, кое останувало високо подолго време иако не јаделе зеленчук секој ден. Научниците сметаат дека тоа е така бидејќи сулфорафанот предизвикува телото да ги менува гените за подобро да го спречуваат растот на туморот.

Во продажба се достапни голем број екстракти и додатоци од брокула, но научниците не се сигурни дека сите се ефикасни и ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се утврди тоа.

can-pill-offer-same-benefits-broccoli-fb

Научниците користеле стандарден екстракт во форма на капсули и не забележале никакви сериозни несакани последици кај здравите доброволци кои ги конзумирале во рок од 7 дена. Но, забележале дека може да има некој ризик од долготрајната употреба, како таложење на плаки во артериите. Затоа, истражувачите предупредуваат да се консултирате со вашиот доктор пред да почнете да земате некакви додатоци во исхраната и препорачуваат да јадете повеќе зеленчук.

Истражувањето е објавено во „Clinical Epigenetics“.

Поддржете ја нашата работа: