Составен список на 40.000 успешни научници за кои не постоеше никаков запис на Википедија

СПОДЕЛИ

Вештачка интелигенција која скенира вести во потрага по превидени јавни личности состави список од 40.000 успешни научници за кои не постои никаков запис на бесплатната енциклопедија.

Најголем број од заборавените научници се жени, што е посебно важно затоа што 82% од биографиите на научници на Википедија се за мажи. Еден од критериумите за агрегирање на 40-те илјади научници кои недостасуваат е тие да имаат слична присутност во вестите како и оние за кои веќе има Википедија статии.

Ботот и студијата се дел од показната вежба на стартапот Пример за нивната експертиза во НЛП (natural language processing), посебна гранка на вештачката интелигенција која се занимава со разбирање и генерирање дигитален текст.

Освен што ги агрегира научниците, ботот пишува и драфт статии за нив. Еден од текстовите е за Тереза Вудраф, научничка за која нема статија во Википедија и покрај тоа што е списокот на „Највлијателни луѓе“ на Тајм магазинот во 2013. Нејзината работа вклучува и создавање на 3Д печатени функционални јајници за глувци.

Текстот што го генерира вештачката интелигенција за Вудраф е следниот (оставен е во оригинал заради автентичност):

Иако од човечка перспектива текстот е базичен и во почетна фаза, од Пример (еден од преводите на primer е „буквар) објаснуваат дека тој е одличен „никулец статија“ врз основа на која може да се напише останатата биографија за Вудраф. Ботот за сега има напишано вакви текстови за 100 научници.

Освен индексирање и пишување текстови, планот е ботот да почне да алармира кога постојни Википедија записи не се апдејтувани со нови информации и настани од вестите.

Дискусија

Коментари