Истражувачката компанија OpenAI од Сан Франциско соопшти дека на својот систем за генерирање текстови, таканаречен GPT-2 кој што се однесува како камелеон, засега може да го претстават во ограничена верзија, зашто се загрижени од можната злоупотреба на оваа технологија.
Причинаta за загриженост е во тоа што компјутерската програма која произведува извадоци од текстви, што сама ги чита, е предобра во она што го работи.
Имено, компјутерскиот систем е способен да генерира текст со одличен квалитет, за кој експертите велат дека е напреден и веродостоен, па некои поединци би можеле да го користат за креирање лажни вести, имитирање луѓе или за злоставување и измами на социјалните мрежи.
На програмата GPT-2 и е даден генератор на текст со база на податоци од 8 милиони веб страни за да ги апсорбира. После прегледот, вештачката интелигенција можела да претстави убедлив текст. Темите биле за славни личности, климатски промени, некоја војна или проза.
Додка некои тврдат дека стравот е голем од преголемата способност на програмата, OpenAI потврдува дека поводот за загриженост е оправдан.
Сметаат дека комбинацијата од таквата програма која создава квалитетни текстови со програмата која генерира слики од непостоечки лица, може да создаде заблуда и појава на лажни вести на социјалните мрежи.
Подетален опис може да најдете тука.