SpaceX го регистрира првиот патник за лет околу Месечината

Калифорниската компанија SpaceX на Илон Маск соопшти дека го регистрирала првиот вселенски приватен патник за пат околу Месечината во вселенската ракета BFR.

Именуван како меѓупланетарен брод кој би служел за испраќање на луѓе во вселената, BFR (Big Falcon Rocket) е ракетен систем, базиран на комбинација на ракета и вселенски брод, наречен BFS – Big Falcon Spaceship.

Маск минатата година најави дека главната ракета ќе биде опремена со 31 главен Raptor мотор и дека во првата фаза ќе може да пренесе до 150 тони тежина во Земјината орбита, а во втората до 100 патници на Марс.

“Дознајте кој ќе патува и зошто, во понеделник, на 17 септември”, пишува SpaceX на Твитер

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.