Спејс Екс ќе лансира смртоносна бактерија во вселената

Спејс Екс на Елон Маск се подготвува на 14 феврури да лансира смртоносна бактерија и да ја однесе на Меѓународната вселенска станива (МВС).

Се работи за бактеријата МРСА ( метацилин резистентен стафилококус ауреус), која е причинетел на чести и многу тешки за лечење инфекции кај хоспитализираните пациенти. Оваа супер бактерија многу брзо развива отпрност на најголемиот број моментално достапни антибиотици, што значи дека е смртоносна и дека ќе треба многу напор да се сопре.

Студијата, која е финансирана од НАСА ќе биде предводена од  др.Анита Гоел, извршен директор на биотехнолошката компанија „Nanobiosym“. Во 2015 година, оваа компанија разви уред, наречен „Gene-RADAR“- прв мобилен скенер во светот, кој овозможува дијагноза во реално време на било која болест, за дест пати пониска цена од  другите слични дијагностички тестови.

Во лабораторијата на МВС, со овој уред ќе се врши истражување за тоа како ќе влијае нула-гравитацијата на експресијата на гените и начинот на мутација на МРСА.

Од ова, Гоел и нејзиниот тим ќе направат модели кои предвидуваат како бактеријата ќе мутира на Земјата во следните години. Тоа  ќе им даде шанса на научниците  да создадат нова генерација на антибиотици кои се точно приспособени да го спречат ширењето на најопасните патогени, вели Гоел.

Во оваа фаза научниците сѐ уште не знаат како ќе се однесува МРСА во орбитата на Земјата , но претходните  истражувања  покажале дека при престојот во ваква средина бактериите покажуваат сличен раст, мутации и размножување, само со забрзана стапка.

Ова се случува бидејќи во вселената, некои протеини што се поврзани со метаболизмост стануваат многу поактивни, а мали дози од вселенската  радијација можат да ја променат активноста на одредени гени.

Еден експеримент од 2000-та година на руската вселенска станица МИР, покажал дек после престој од 40 дена на станицата, стапката на мутација на клонирани бактериски гени кои биле вметнати во квасец, била три пати повисока одколку кај контролната група на Земјата.

Друга студија од 1999 година покажала дека одредени видови на „E. Coli“ имаат голем број на  мутации после престој во вселената,  но дека типот и зачестеноста варираат во зависност од нивната состојба.

Во еден извештај од 2015 година се наведува дека „Постои општа согласност дека  микрогравитацијата има огромно влијание на брзината на бактерискиот раст и однесувањето на бактериите за време на кратките летови во орбитата. Радијацијата може да ја зголеми стапката на мутации на микроорганизмите за време на летот“.

Доколку предвидувањата на Гоел се точни и ако вселената ги забрза процесите во МРСА, тоа практично би било како да можете однапред  да ги видите сите потези на вашиот противник кога играте шах.

Па затоа, наместо да се чека МРСА да развие нова одбрана против постоечките антибиотици, па  ние да најдеме нов вид на терапија, би можеле овие процеси брзо да ги „поместиме понапред“ во вселената и да дојдеме до моделите на антибиотската отпорност за следните неколу децении.

Ова е од огромна важност, со оглед на тоа дека  на отпорноста на бактериите кон антибиотиците сѐ повеќе се гледа како една од најголемите закани за човештвото и се смета дека ќе биде причина за смрт на милиони луѓе ширум светот, доколку овој тренд продолжи.

Поддржете ја нашата работа: