Космологот и физичар Стивен Хокинг ќе патува во вселената, благодарение на претприемачот Ричард Бренсон, кој ќе му дозволи да лета со неговиот вселенски брод.
За британските медиуми изјавил дека „никогаш не ни сонувал дека ќе се упати кон вселената“, пред се заради неговата возраст и здравствената состојба.
„Ричард Бренсон ми понуди седиште на Вирџин Галактик, и веднаш кажав да“, вели Хокинг.
Компанијата за патување во вселената на Бренсон, Вирџин Галактик, има цел наскоро да пренесува луѓе во вселената на комерцијални мисии. Тој најави дека ќе го комплетира ова уште во 2009 година, но планот беше одложен од низа проблеми и катастрофи.
Стивен Хокинг иако е во тешка здравствена состојба тој сепак пред некое време можеше да ја почувствува бестежинската состојба при специјален лет со авион.