Супер луто пиперче што може да убие

Градинарот Мајк Смит од Велс, тврди дека одгледал пиперка  толку лута што може да убие човек, па соодветно ја нарекол „Здивот на змејот“ (Dragon`s breath)

Ова пиперче има 2,48 милиони единици по Сковиловата скала за лутина. Тоа е доволно кај некои луѓе да предизвика еден вид анафилактичен шок и смрт, бидејќи ги гори и ги затнува дишните патишта, вели Смит за „Daily post“.

Смит ја одгледал оваа пиперка во соработка со Универзитетот во Северен Велс, како алтернативно средство за анестезија при медицинските интервенции. Маслата добиени од ова пиперче се толку силни што можат да ја „умртват“ кожата.

Покрај тоа што може да се користи за третман на лица алергични на анестетици, се смета дека маслата од пиперката би можеле да бидат од корист во земјите во развој, кадешто достапноста до анестетици е ограничена поради финансиски причини.

Смит го пријавил пиперчето во „Гинисовата книга на рекорди“  и се чека одговор дали и официјално ќе биде прогласена за најлута пиперка.

Image result for dragon's breath chili pepper

Моментално најлута позната пиперка, според Гинисовата книга  е „Carolina Reaper“ која  има околу 2,2 милиони единици по Сковиловата скала. Со оваа скала всушност се означува нивото на капсацин, вид на алкалоид што го содржат пиперчињата. Кога капсацинот ќе дојде до допир со рецепторите во телото, најчесто на јазикот, нервниот систем тоа го интерпретира како чувство на жарење и печење.

Поддржете ја нашата работа: