Телескопот на НАСА откри две нови планети

Пет месеци по лансирањето на орбиталниот телескоп на НАСА – ТЕСС – кој е во потрага по нови планети надвор од нашиот Сончев Систем, откри две оддалечени планети, соопштуваат официјални лица.

Сателитот на НАСА, ги открил планетите класифицирани како „супер Земја˝ и „жешка Земја“, кои се наоѓаат најмалку 49 светлосни години од нас, што е прво откритие на овој сателит, лансиран во април, оваа година.

Мисијата ќе трае две години и ќе чини 337 милиони долари, а целта е да го прошири знаењето на астрономите за таканаречените егзопланети кои кружат околу оддалечените ѕвезди.

“Мора да почекаме да видиме што уште ТЕСС ќе открие. Знаеме дека планети има, и дека се „расфрлани по небото“ и само чекаат да ги пронајдеме” – вели Д-р Сара Сигер.

ТЕСС треба да ја продолжи работата на својот претходник, вселенскиот телескоп Кеплер кој откри многу од 3700те досега откриени егзопланети во своите 20 години работа, пред да остане без гориво.

 

Поддржете ја нашата работа: