Научниците од Стенфорд развија вештачка интелигенција која може да предвиди кога некој пациент ќе почине со 90 проценти прецизност. Додека ова на прв поглед делува невозможно, тимот од научници тврди дека нивниот изум може значително да ја подобри грижата за пациентите во нивните последни денови.
Со прецизното одредување на времето кога болните пациенти би требало да починат, нивинте желби можат да се подредат, по приоритет и да се извршат важни разговори пред да биде предоцна.
Во оваа студија научниците од Универзитетот Стенфорд објаснуваат дека постои огромна разлика помеѓу начинот на кој пациентите сакаат да го живеат остатокот од нивниот живот и начинот на кој тоа реално се случува.
Истражувањето исто така, покажа дека околу 80 отсто од Американците преферираат да ги поминат своите последни денови во својот дом, но дури до 60 проценти на крај починуваат во болница. Со цел да се намали оваа диспропорција, начниците истренирале длабока невронска мрежа на податоци од Електронската научна архива во болницата на Стенфорд и детската болница Лусил Пакард, со податоци од околу два милиони пациенти.
„Успеавме да изградиме предвидлив модел при што ги користевме собраните податоци. Нивната количина ни овозможи да создадеме модел кој ќе биде корисен за предвидување на смртта, наместо да се работи за модел за специфична болест или демографска група“, велат авторите на студијата.
„Критериумите за одредување на кои пациенти би им користела палијативна нега понекогаш може да бидеат тешки за објаснување. Нашиот пристап користи длабоко учење за да ги прегледа пациентите примени во болницата и да ги идентификува оние на кои ваков вид на нега најверојатно ќе им биде потребна. Алгоритамот ја предвидува смртноста на секој пациент во период од 12 месеци, па тоа предвидување го користи за да му даде препорака за палијативна нега“, додаваат тие.
Сепак, поради природата на алгоритмот, научниците не можат да знаат на што точно истиот ги темели своите предвидувања. Но, во овој вид на примена, велат дека знаењето зошто е донесено конкретно предвидување не е нужно важен.
„Примената на палијативна нега не е поврзана со причината зошто луѓето се разболуваат“, вели Кенет Јанг. „Ова се разликува од хипотетичките случаи некој умира и ние сега треба да го одбереме најдобриот третман‘, при што сакаме да знаеме што ги предизвикува симптомите. Но, во оваа ситуација, тоа не е толку важно додека правиме сè како што треба“.