(ВИДЕО) Торнадо и шумски пожар во забавена снимка

Погледнете како изгледа кога две извонредни природни појави – торнадо и шумски пожар, ќе се комбинираат заедно и тоа во кофа.

Огнените торнада ги има во природата, но се ретка појава и може да се јават во различни форми, во зависност од околностите во природата што ги поттикнале.

Во видеото, момчињата од „Slo Mo Guys“ успеале да го реконструираат овој феномен со помош на 12 вентилатори поставени во круг на сува чиста земја и нешто повеќе од еден сантиметар керозин ставен во кофа. Тие успеале да креираат огнено торнадо со висина од 3 метри и кога ќе погледнете како тоа изгледа ќе ви стане јасно зошто воопшто го сториле тоа. Изгледа фантастично!

А, ако сакате да видите како изгледа вистинско, многу опасно торнадо, погледнете ја снимката што е направена во Австралиската Северна Територија.

Поддржете ја нашата работа: