Невообичаено дрво со големи листови во форма на квадрат, кои служат како соларни панели ”никна” во Неверс, градот во централна Франција кој вчера го претстави првото европско ”е-дрво” чии фотоволтаични плочи ќе овозможат полнење на мобилни и електрични уреди, сурфање на интернет или заштита од сончевите зраци.
Е-дрво (eTree) потсетува на еколошките соларни платформи (Green Sun Rising Solar Benches) кои на корисниците им овозможуваат да се засолнат под сенка, да ги наполнат електричните уреди, а им овозможуваат Wi-Fi хотспотови.
Инспирирано од стеблото акација-багрем од пустината Негев во Израел, оваа футуристичка конструкција користи соларни панели, монтирани на гранки за складирање на енергија и производство на електрична енергија од сончева светлина.
Користејќи ја оваа енергија, е-дрвото ги полни мобилните уреди, овозможува бесплатно Wi-Fi, а LCD дисплејот дава информации од типот колкава количина на електрична енергија е произведена на дрвото. Може да послужи и како ноќно осветлување.
”Пронајдокот е плод на соработка помеѓу две компании од Франција и Израел, чиј прототип е произведен во 2014та година,” вели градоначалникот на Неверс
Првото е-дрво е поставено во 2014та година во Израел, од страна на компанијата за обновливи извори Sologic, а првото функционално е-дрво е претставено во 2015та година на конференцијата за климатски промени COP 21, одржана во Франција.
Освен во Израел, повеќе е-дрва се поставени во САД и Казахстан.